Производство

Производство

Производство e се уште една од најголемите индустрии во развиените земји во светот. Во изминатите неколку години Македонија стана ветувачка земја за инвеститорите да влезат на овој пазар, особено со воспоставување на слободни зони. БДО Македонија има одлично разбирање за преработувачката и произведувачката индустрија во Македонија. Најголемиот број на компании се од овој сектор, ние имаме длабинско познавање на Македонската произведувачка индустрија. Оваа индустрија има огромна можност за развивање на локално и на меѓународно ниво. Можноста за извоз на своите производи е секогаш присутна, а БДО може да ви помогне со финансиските и даночните совети.

БДО ги разбира овие предизвици и нуди интегрирани услуги, прилагодени специфично за потребите на клиентите. Од даночни импликации на глобално ниво до спроведување на длабинска анализа. Ние можеме да ви помогнеме со многубројните прашања кои влијаат на вашиот бизнис. Ние многу добро ги разбираме сметководствените третмани со кои се соочува производствената и преработувачката индустрија, како и регулаторните предизвици што ги има содржи областа во која работите - од прашања за ликвидност до трошоци за работна сила.

]]>