This site uses cookies to provide you with a more responsive and personalised service. By using this site you agree to our use of cookies. Please read our PRIVACY POLICY for more information on the cookies we use and how to delete or block them.
  • Финансиски вештачења и експертиза

Финансиски вештачења и експертиза

БДО Македонија има едни од најуспешните, искусни и иновативни судски и советодавни практики во Македонија. Поседуваме репутација за испорака на исклучителни услуги на клиентите и вредноста за парите. Нашите клиенти се движат од компании и професионални друштва до регулаторни тела, јавни претпријатија и непрофитни организации.

Советодавни услуги за судски спорови

Нашито тим за решавање на спорови помага да се измери загубата или финансиската изложеност во различни индустриски сектори и јурисдикции. Ние ги поддржуваме нашите клиенти и нивните правни советници во сите фази во процесот на решавање на спорот.

Нашите вешти лица доставија стручни мислења за квантната или професионална небрежност во стотици случаи; поддршка на нив е тим од специјалисти кои комбинираат финансиски вештачења, ревизорско искуство и искуство во индустријата. Нашиот тим има значително искуство во обезбедување докази во граѓанските судови, кривичните судови и во регулаторните истраги.

Измами и финансиски истражувања

Нашиот тим обезбедува истражни услуги, услуги за следење и наплата на средства за утврдување на одговорност, следење на отуѓен имот и ублажување на влијанието на финансискиот и економскиот криминал. Без разлика дали истражуваме измама, сметководствени "црни дупки", регулаторни прекршоци, несоодветното однесување на вработените или друг финансиски криминал, градиме мултидисциплинарни тимови прилагодени на барањата на ангажманот.

За минимизирање на веројатноста од повторна појава, нашите специјалисти за ризик развиваат и спроведувааат мерки за спречување на измама и корупција кои ги штитат бизнисите од заканта од економски криминал.

Комерцијално решавање на спорови

БДО Македонија има посветен и високо стручен тим за сметководствени вештачења со можност за решавање на најсложените сметководствени спорови и за поддршка на судски постапки. 

Нашиот тим има значително искуство во обезбедување докази во судовите, преку тесна соработка со колегите од меѓународната мрежа на БДО, со цел подржување на клиентите во спорови во повеќе судски надлежности. Нашата експертиза вклучува разбирање на правните процеси и спорните прашања, објаснувајќи ја комплексноста на прашањата како што се намалување на добивката, губење на вредноста, потрошените издатоци, потенцијалните загуби, губење на шансите и професионална небрежност за да може Судот истите да ги разбере.

Нашите вешти лица доставија стручни мислења за квантната или професионална небрежност во стотици случаи од граѓанската и обичајната јурисдикција низ светот. Во нивна поддршка е тим од специјалисти од областа на вештачење и истражувачки способности, заедно со БДО експерти во повеќето сектори и индустрии.   

Нашите услуги вклучуваат:

  • Преглед на првични информации и прелиминарна анализа на обврските и штетата
  • Професионални советодавни услуги
  • Пресметка на обем на загуба
  • Незавизни мислења за техничко-сметководствени прашања
  • Истражувања за несолвентност и поддршка за судски спорови за спорна солвентност
  • Обезбедување на техничка поддршка на други експерти
  • Помош при посредување и спогодбени преговори