Закрепнување на бизнисот и несолвентност
Еден бизнисот може да западне во неволја не по своја вина. Во некои случаи се може да биде резултат на една деловна единица која ќе ја однесе целата организација на работ. Која и да е причината, помислата да се прекине со тргување или нудење на бизнис за продажба е застрашувачки за било кого, особено кога функционирате во стресна околина.
Како експерти, нашата цел е да ја спасиме ситуацијата и ги избегнеме понатамошните формални постапки. Ние веруваме дека е подобро да се направи пресврт на ситуацијата бидејки финансиската реконструкција ги минимизира загубите – како финансиските така и емоционалните. Постигнување бизнис континуитет е нашата крајна цел.
Во БДО, ние работиме проактивно да ја менаџираме Вашата позиција и да ги заштитиме Вашите интереси. Нашите експерти го имаат потребното знаење за да променат курсот на бизнисот и знаење од индустријата за да обезбедат долготраен успех низ различен опсег на сектори.
Ние исто така пружаме поддршка на кредитори, помагајќи ви да ја процените тековната одржливост на еден бизнисот, да ги идентификувате методите за максимизирање на повратот, да спроведете комуникација со клиент и да превземете формални постапки.