This site uses cookies to provide you with a more responsive and personalised service. By using this site you agree to our use of cookies. Please read our PRIVACY POLICY for more information on the cookies we use and how to delete or block them.
  • Трансферни цени

Трансферни цени

 

Друштвото за ревизија, сметководство и даночен  консалтинг БДО ДОО Скопје, извршува услуги во врска со подготовка на извештај за  трансферни цени.  Ние им помагаме на нашите клиенти да се усогласат со законската регулатива за трансферни цени важечка во Р.С. Македонија.

Имено поради усогласување на регулативата со ЕУ, започнувајќи од 01.01.2019 година, во нашата земја се воведе обврска за  доставување  на  документација  за  трансферни  цени  за  сите  даночни  обврзници  кои  имаат  трансакции со поврзани страни, како за меѓународни така и за домашни трансакции. 

Имено  сите  друштва  кои  оствариле  вкупен  годишен  приход  над  60.000.000  денари,  при  поднесувањето на даночниот биланс, имаат обврска за доставување: 

  • Извештај за трансферни цени,
  • Извештај  за  трансферни  цени  во  скратена  форма,  доколку  вкупната  вредност  на трансакциите со поврзаните лица во текот на годината не надминува 10.000.000 денари или доколку   има   трансакции   само   со   поврзани   лица   резиденти   на   Р.С. Македонија.

Тргнувајќи од нашата досегашната пракса и искуство убедени сме дека можеме да ви понудиме висококвалитетна услуга.  Ние имаме тим составен од даночни експерти и финансиски аналитичари кои се непосредно вклучени во подготовка на извештаите за трансферни цени, исто така имаме тесна соработка со другите БДО фирми во рамки на меѓународната БДО мрежа со цел анализа  на најкомплексните трансакции со поврзани лица.

Нашата   заедничка   цел   е   да   понудиме извонредна   услуга   за   клиентите   и  инвестираме  во  блиски,  долгорочни  односи  со  клиентите.  Сакаме  да  понудиме  најдобра  експертиза во нашето поле и длабинско секторско знаење за да им помогнеме на нашите  клиенти да ги постигнат своите цели. 

Нашиот тим  Ви  стои  на  располагање за дополнителни информации во врска со  сите наши  услуги, а посебно наведените од областа на трансферни цени. Ќе ни биде посебна чест и  задоволство доколку во иднина ни се укаже можност за соработка со Вашата компанија.