Потрошувачка индустрија
Во последните неколку години, компаниите кои работат со малопродажба и производи за широка потрошувачка беа дел од индустријата која забележа значајни промени. Како резултат на меѓународната експанзија, М&А, е-бизнисот, загриженоста за сајбер-безбедноста и промените во синџирот на снабдување, компаниите ги трансформира своите операции и бизнис модели со цел да бидат во тек со најновите трендови и случувања.
БДО има високо познавање на факторите коишто на светот на малопродажбата му даваат нов облик. Преку ревизорски ангажмани, ангажмани за уверувања, даноци и консултантски услуги, БДО им служи на различните бизниси во потрошувачкиот бизнис, бизнисите кои работат врз основа на франшиза, како и на целокупната индустрија за храна и пијалоци. Во услови кога многу од потрошувачките бизниси ја истражуваат можноста да се прошират на меѓународно ниво, БДО ја користи својата огромна меѓународна мрежа за да им обезбеди на клиентите увид и ресурси потребни за движење низ сложените деловни области.