Историја на БДО
БДО е глобална мрежа на сметководствени и консултантски компании, сите членки на БДО Internacional, кои обезбедуваат услуги за меѓународни клиенти. Секоја членка на БДО е независно правно лице во својата земја.
Приказната на БДО започнува во 1963 кога сметководствените компании од Велика Британија, Холандија, Германија, САД и Канада ја препознаа можноста да ги комбинираат и со тоа да ги прошират своите знаења и вештини. Како резултат на тоа, Binder Seidman International Group функционираше како мрежа од фирми до 1973 година кога Binder Dijker Otte & Co беше прифатено како заедничко име.
Со цел да се обезбеди локалната сила да ја задржи својата распростанетост, беше воведена глобална структура, а акронимот БДО беше договорен и ставен пред секоја локална фирма-членка. Во исто време беше креирано и лого и корпоративен идентитет со цел да се промовира конзистентност низ целата мрежа.
Оттогаш, мрежата на БДО претрпе трансформација и прерасна во една од најголемите глобални ревизорски и консултантски мрежи, со повеќе од 1.400 канцеларии во 158 земји во светот. Во неа работат 68.000 луѓе кои промовираат вредности и цели на една глобална компанија. БДО е позната по врските со клиентите, пристапноста на партнерите, големото локално знаење во комбинација со глобален изглед и етички и практични пристап на вработените и партнерите и совети за клиентите.
