Угостителство и Туризам

Угостителство и Туризам

Во индустријата која се карактеризира со висока волатилност и е под големо влијание од светски настани, на нашите клиенти можеме да им понудиме значајни увиди во акциите кои треба да ги преземат со цел ги подобрат своите оперативни и финансиски перформанси, како и зачувување и унапредување на пазарната позиција.

Услугите на нашиот тим се движат од спроведување на статутарна годишна ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста со даноците, до поспецијализирана советодавна работа во областите како што се планирање и структурирање на оданочување, меѓународни операции, даноци за ДДВ и персонални даноци, проценки на бизниси и други сродни услуги.

Без разлика дали размислувате за отворање нов хотел, истражување на нова локација, подобрување на Вашата конкурентна позиција, проширување на бизнисот на странски или едноставно имате потреба од независни сметководствени совети, БДО Македонија ви нуди сигурна, професионална и пред се лична услуга.