Даночно Советување

Даночно Советување

Превземете ја нашата брошура:
Услуги-за-даночно-советување.pdf
Даночно советување

 

Зошто БДО Македонија даночно советување? 

БДО Македонија им служи на клиентите низ целата земја и ширум светот додека се соочуваат со зголемен број на сложени даночни прашања. Како една од најголемите глобални консултантски мрежи, со над 1.400 канцеларии во повеќе од 150 земји, ние сме експерти за меѓународно даночно планирање и обезбедување на советодавни услуги во областа на меѓународното даночно право.

Нашите даночни професионалци се потпираат на стекнатото длабоко искуство и специфичното знаење за индустријата за да им ги достават на клиентите увидите и иновациите што им се потребни за задржување на законската усогласеност и зголемување на вредност. Нашиот тим е составен од експерти за спроведување на даночните прописи во Република Македонија. Вработуваме екеперти од економија и право кои постојано го подобруваат своето знаење преку обука, како на локално, така и на меѓународно ниво.

Даночниот систем на Република Македонија е обемен, нејасен и е подложен на чести промени.

НАШАТА ДЕЈНОСТ:

Нашата примарна улога е да им помогнеме на клиентите да ги разберат и интерпретираат даночните закони и прописи за да можат да ги планираат и управуваат со своите даночни работи во контекст на нивните лични и деловни цели и активности. Ова вклучува советување на клиентите во врска со нивните обврски за законско усогласување.

Се стремиме кон давање совети на нашите клиенти кои се во согласност со насоките дадени од страна на нашите раководни професионални тела - особено Управата за јавни приходи на Република Македонија.

Поточно, нашата работа се извршува во согласност со следниве принципи:

  • Се стремиме кон обезбедување на совети кои се подржани преку соодветна законска основа и каде што различните интрепретации можат разумно да се разгледаат, импликациите од истите се соодветно комуницирани со нашите клиенти. 
  • Даваме сигурност дека постои целосно и соодветно обелоденување на даночните поврати кон Даночната администрација на Република Македонија
  • При спроведувањето на нашата работа ги охрабруваме нашите клиенти да ги разгледаат пошироките ризици поврзани со даночното планирање, вклучувајќи ги и репутациските ризици кои произлегуваат од начинот на кој другите би можеле да гледаат на одреден тек на дејствување.

ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД НАС:

Се стремиме кон извршување на нашата работа во согласност со политиките на Друштвото, кои ги исполнуваат релевантните професионални, легални и регулаторни барања.

Ние нема да советуваме клиенти во врска со даночно планирање кои разумно може да ја загрозат репутацијата на професијата, друштвото, индивидуалните партнери или членовите на тимот , или кои го основаат својот успех на било што друго освен целосно обелоденување кон Македонските авторитети.