• Управување со ризикот

Управување со ризикот

Правилното управување со ризикот веќе не е само идентификување и ублажување на ризикот. Туку, денешната организација мора да даде максимален напор и да имплементира проактивни структури кои не само што го детектираат ризикот, туку и ги подобруваат стратешките и операциони основи на нивниот бизнис.

Праксата за менаџмент на ризикот на БДО е да се работи проактивно со клиентите за да се менаџира ризикот преку креирање на добри интерни контроли. Нашите професионалци имаат длабоко разбирање на индустриските проблеми, и овозможуваат насочување на слични државни и приватни компании – од „start-up“ до средни и големи субјекти. Исто така, им помагаме на клиентите да дизајнираат и имплементираат глобални усогласувачки програми и да управуваат со резултатите преку интерна ревизија.