• Сметководствени проценки

Сметководствени проценки

Тимот за проценки на БДО Македонија има големо техничко познавање и години искуство во обезбедување на независни проценки за целите на финансиското известување.

Финансиското известување базирано на пазарна вредност е новата реалност,  со оглед на тоа што повеќето земји во светот ги усогласуваат своите сметководствени стандарди со постојните МСФИ.

Сите котирачки компании во Европската Унија мора да известуваат во согласност со МСФИ.

Нашите експерти нудат независни извештаи за алокација на куповната цена проценувајќи нематеријални средства за целите на МСФИ 3 Бизнис комбинации. Нивното комбинирано децениско искуство кажува дека Вие ќе добиете најкорисен и ефикасен совет особено во процесот на идентификација.

Често сме ангажирани да обезбедиме совети за вреднување пред заклучување на зделките, што им помага на потенцијалните купувачи да го разберат потенцијалното сметководствено влијание на стекнувањето. Исто така нудиме обуки за клиентите кои одлучуваат сами да го завршат процесот на вреднување.

Нашиот тим за сметководствени проценки може да помогне во прегледите за обезвреднувања согласно МСР 32/39 и МСФИ13. Ако неодамна сте завршиле со стекнување или размислувате за идно стекнување, и би сакале независен, професионален и вреден совет за проценка базиран на комбинирано децениско искуство, Ве молиме контактирајте не.