• Проценки

Проценки

Додека да увидите дека проценката е неточна, веќе ќе биде доцна. За повеќето трансакции, судски спорови или планирања постои една единствена шанса за соодветна презентација на сите факти со цел остварување на оптимални резултати. Постигнувањето на ова вклучува чуствителна интеракција на донесување бизнис одлуки, легална експертиза, техничко знаење и комерцијален прагматизам.

Тимот за проценки на БДО Македонија е специјализиран за независни проценки на капитал кои се бараат за различни цели. Нашата работа вклучува извештаи потребни за усогласување со сметководствените и регулаторните стандарди и за даночни, правни, лични или комерцијални цели.

Честопати проценката е потребна во кризни и стресни времиња - без разлика дали се работи за спорови со сопствениците, за потенцијална продажба, распаѓање на односите или едноставно за процес на ревизија на крајот од годината. Целиме кон остварување на исклучителните услуги за клиентите и кон задоволување на потребите за проценка на нашите клиенти навремено и економично.

Нашето комбинирано искуство кажува дека постојат многу малку ситуации со кои се немаме сретнато во минатото. Дополнително, бидејќи постојат многу околности каде што постоечките советници не се во можност да помогнат поради актуелен или иден конфликт, нашиот тим дејстува како експерт за поврзување со постоечките советници со цел доставување на соодветен и навремен извештај. 

Наштиот тим за проценки е еден од најголемите во Република Македонија и вклучува ценети експерти од областа. Нашата база на клиенти се состои од приватни компании, јавни претпријатија, адвокатски друштва и регулаторни тела како и физички лица и претприемачки друштва, и покрива широк спектар на сектори вклучувајќи ја фарматцевската индустрија, финансиските пазари, индустријата на природни ресурси, енергетска индустрија, трговија, производствената индустрија, технолошка индустрија и телекомуникациска индустрија.