• Припојувања и превземања

Припојувања и превземања

Во денешната конкурентска и брзо променлива бизнис околина, успехот на една фирма често се потпира на развојот и имплементацијата на квалитетна стратегија за раст, поткрепена со припојувања и преземања. Ние целиме кон разбирање на потребите на Вашиот бизнис и контекстот во кој работи, и нашето специјализирано знаење и експретиза ќе се осигура дека ќе ја направите правилната одлука базирана на точна анализа и релевантно искуство. Ние ја разбираме индивидуалната природа на советот и тесно соработуваме со Вашиот менаџерски тим за да Ви помогнеме да ги развиете и постигнете Вашите цели.

Нашите корпоративни финансиски експерти ќе Ви помогнат во донесување на одлуки во следните области:

Припојување

Доколку сте во потрага на раст на вашиот бизнис преку припојување, нашиот прилагоден пристап значи дека се придржуваме кон структуирана и докажана методологија за да ги идентификуваме најдобрите можности за нашите клиенти. Ние истражуваме и идентификуваме соодветни цели, и пристапуваме и преговараме во име на нашиот клиент во исто време овозможувајќи техничка и менаџерска поддршка во текот на целиот процес.

Продажба на бизнисот

Доколку планирате да се ослободите од Вашиот бизнис или да вклучите стратешки партнер, можеме да ве советуваме за тоа како да ја максимизирате вредноста на Вашиот бизнис при продажба и ќе Ви дадеме специјализиран совет во текот на целиот продажен процес. Ние сме способни да Ви пружиме помош при вреднување на Вашите опции, проценување на Вашиот бизнис и идентификување на потенцијални преземачи или инвеститори, локално или интернационално. Ќе Ви пружиме техничка и менаџерска поддршка во текот на продажниот процес за да се обезбеди најповолниот исход.

Трансакциски услуги

Создавање на акционерска вредност преку преземање е неопходен, но често предизвикувачки дел на голем дел од растечките стратегии на компаниите. Како менаџмент, идентификување на точното преземање е критично. Но, ако спогодбата уништува дел од вредноста, менаџментот е уште поранлив од било кога. Успешните спогодби отсекогаш биле тешки за изведување (70 проценти од спогодбите не создаваат акционерска вредност) и тие се уште питешки на сегашниот пазар. Успехот зависи од совладување на целиот процес, почнувајќи од идентификување на целта и проценување до интеграцијата и реализација на придобивките. Целиме кон разбирање на Вашата стратегија и креирање на пристап со должно внимание соодветен на Вашите потреби, вклучувајќи:

Проценка на пред-договорот;

Проценка на трансакцијата;

Совет за структуирање;

Due Diligence

Due diligence е важен дел од преземачкиот процес. Му дава можност на купувачот на бизнисот зголемен мир во текот на независна проценка на заканите и можностите на предложената трансакција.

Преземачки due diligence: Корпоративен финансиски due diligence од БДО додава вредност на трансакцискиот процес преку фокусирање на клучните работи како оние кои се најверојатни дека ќе влијаат на цената или ќе предизвикаат пост-преземачки потешкотии. Секогаш го базираме опсегот на нашиот due diligence врз основа на специфичните барања на клиентот, признавајќи дека due diligence не е ‘една величина за сите’ услуга.

Продавачки due diligence: Ние овозможуваме здрави и независни извештаи кои се добро познати и веродостојни на пазарот. Ја разбираме перспективата на купувачот, што ни дозволува да скроиме опсег на работа кој обезбедува ефикасен и ефективен трансакционен процес. Ние работиме со клиентите за да го процениме најсоодветниот метод за подготвување на компанија за продажба – вклучувајќи и опции различни од продавачкиот due diligence. Нашата посветеност е за да се овозможи објективен совет кој ќе му помогне на клиентот да ја комплетираат точната зделка за точната цена.

Советување пред давање на заем:

Во брзодвижечката и зголемено компетитивна бизнис околина на 21от век, да се одлучи дали да се позајмат пари на бизнис, или да се влезе во нова трансакција може да донесе некои уникатни предизвици.

Во такви времиња, имањето на детална проценка изведена од страна на независен специјалист за трансакциска поддршка може да помогне. Преглед од БДО ќе Ви пружи јасна индикација за одржливоста на предлогот за да Ви помогне да направите здрава проценка на ризикот од нова инвестиција или дополнителни средства.

Независна бизнис проценка:

Една независна бизнис проценка дава можност да се погледне длабоко во перформансот на бизнисот и да се проценат неговиот финансиски и стратешки план за иднината. Секоја процена е скроена за да ги пресретне специфичните барања на заемодавателот и бизнисот што обезбедува максимална додатна вредност.

Пристапот на БДО е холистички (не е финансиска ревизија), практичен, навремен и се фокусира на клучните области и важните прашања.