• Сметководствени услуги

Сметководствени услуги

Сметководствен консалтинг

Во услови на заострување на конкуренцијата, искусните советници се поважни од било кога. Сметководсветните советници на БДО им овозможуваат на клиентите широк спектар на консултантски услуги, вклучувајќи усогласување на договори, конверзија и советување согласно МСФИ .

Користејќи ги предностите на глобалното искуство и ресурси, при давањето на услуги на по големина средни компании, како и мали старт-ап компании, нашите професионалци посветено работат со Вас за соодветно да одговорите на ризикот, предизвиците и можностите специфични за Вашата компанија и индустрија. Додека услугите кои ги овозможуваме се скроени по мерка на потребите на нашите клиенти, сите се одликуваат со сениорско ниво на надзор и контрола, брза реакција и квалитет.

Книговодствени услуги

Квалитетното книговодство е витално за секој бизнис. Во БДО, наша мисија е да се осигураме дека како аутсорсинг партнер, финансиските трансакции и податоци на нашите клиенти се секогаш ажурирани и точни. Со користење на капацитетите на сметководствениот оддел на БДО, ние ќе Ви помогнеме да ги намалите трошоците кај рутинските операции или сметководствени процеси, дозволувајќи повеќе време и ресурси за Вас, да се посветите на растот и развојот на Вашиот бизнис.

Нашите професионалци разбираат дека книговодството е повеќе од само потребна, време интензивна, административна задача. Ние веруваме дека точното и високо квалитетно книговодство е основата на секој успешен бизнис или компанија.

Согласно амандманите на Законто за трговски друштва, во примена од 16.03.2013 година и потребите Законот за сметководствени услуги, годишната сметка и финансиските извештаи ќе ги потпишуваат Овластените сметководители кои ги изготвуваат, а тоа мора да содржи дата на изготвување и потпис, како и број на лиценцата под која се запишани во Институтот на Овластени Сметководители на Република Македонија. БДО Македонија вработува10 овластени сметководители.

Секој бизнис е посебен, соодветно и нашите сметковдствени решенија се направени по мерка на Вашите потреби. Со БДО, Вие добивате пристап до искусни сметководствени менаџери кој ќе прават надзор на сите аспекти од Вашата работа  и ќе се осигураат дека Вие добивате доверливи финансиски информации во временската рамка поставена според Вашите потреби.

БДО обезбедува сметководствени улуги, додека нашиот тим ги одржува сметководствените податоци во за клиентите. Овие услуги се усогласуваат со потребите на секој индивидуален клиент.

Ние можеме да ви понудиме:

  • Финансиско сметководство 
  • Собирање и процесирање на сите документи за месечно затварање на сметки
  • Контролирање на точноста на документацијата
  • Евидеција на трошоковна благајна

Сметководството на дневни трансакции и евиденцијата во согласност со сметководствените принципи и МСС/МСФИ применливи во Република Македонија.

Месечно/ Квартално/ Годишно затварање на сметките од пробниот биланс и прибирање на пропратната документација како изводи од банките, меѓукомпаниски извештаи, извештаи за добавувачите и други релевантни извештаи.

Ажурирање и одржување на регистарот на основни средства, осигурувајќи се дека главната книга секогаш одговара на податоците од регитарот на крајот на периодот.