• Пресметка и обработка на плати

Пресметка и обработка на плати

Компаниите многу често имаат потешкотии при креирање на служба за подготовка на плати за нивните домашни операции или низ повеќе земји.

Тимот за плати на БДО работи со повеќе компании кои имаат бизниси лоцирани во Македонија и се гриижи за репортирањето кон сите заинтересирани страни, како и за усогласеноста со законските регулативи.

Ние работиме комплементарно со Вашите тимови за финанси и човечки ресурси за да Ви ги овозможиме следниве услуги:

  • Обработка на податоци за евиденција на работно време
  • Пресметка на плати и поврзани даноци и придонеси
  • Подготовка на платни листи и потврди за плата
  • Администрирање на боледувања
  • Склучување и откажување на договори за вработување пред агенцијата за вработување, пензискиот фонд, здравствениот фонд и управата за јавни приходи