• Прирачници за сметководство и финансиско известување

Прирачници за сметководство и финансиско известување

 

Почитувани, 

Друштвото за ревизија БДО и друштвото за консалтинг ПРО АГЕНС од Скопје заедно издадоа две стручни книги:  


1) првата, од областа на сметководството ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО, четврто и преработено издание од автор Душан Димитров, издание 2014 година (Б-5 формат, 740 страници); и  


2) втората, од областа на финансиското известување ПРИРАЧНИК ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ, прво издание на авторите Душан Димитров, М-р Павле Гацов и М-р Драган Димитров, издание 2016 година (Б-5 формат, 300 страници).  


Првата книга - ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО ги обработува Меѓународните стандарди за сметководство (МСС) и Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) од аспект евидентирање на настаните - трансакциите во сметководството според Сметковниот план и законските прописи (што важеле до 31.12.2013 година). Во книгата се дадени практични примери со книжења за секоја синтетичка сметка во рамките на пропишаниот Сметковен план што е во примена, како што тоа го барат Стандардите како сметководствени и другите законски прописи. Првата книга е посветена исклучиво за сметководството. Втората книга - ПРИРАЧНИК ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ги обработува МСС и МСФИ од аспект на финансиско известување, обработувајќи ги Стандардите од аспект на составување на финансиските извештаи (Извештај за финансиската состојба, Извештај за сеопфатна добивка, Извештај за паричниот тек, Извештај за промени на капиталот и Белешките кон финансиските извештаи) како и обелоденувањата во финансиските извештаи што се барат со МСС и МСФИ. Втората книга е посветена исклучиво на финансиското известување. Двата ПРИРАЧНИЦИ претставуваат една целина и како такви се прилагодени за потребите на сметководителите и ревизорите во секојдневното работење.  Цената на првата книга ПРИРАЧНИКОТ ЗА СМЕТКОВОДСТВО  изнесува 3.000 денари + 5% ДДВ; цената на втората книга ПРИРАЧНИКОТ А ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ изнесува 1.500 денари + 5% ДДВ; а доколку се купат двете книги заедно како комплет цената изнесува само 3.500 денари + 5% ДДВ. Сметаме дека двете стручни книги што Ви ги нудиме и препорачуваме ќе Ви бидат неопходни за Вашата секојдневната работа.

Порачката можете да ја извршите на нашиот E-mail bdo@bdo.mk (dusan.dimitrov@bdo.mk) или на лице место на нашите советувања за континуирана едукација на сметководителите што почнува од 5 октомври и ќе трае до 26 декември 2017 година.  

ПРИЛОГ: Проспекти 

Прирачник за сметководство.pdf

Прирачник за финансиско известување.pdf

Events, Webinars + More