• Драган Димитров
Драган

Драган Димитров

Партнер

Скопје

+389 2 3117 888

vCard

Г-динот Драган Димитров е управител на БДО Македонија, со повеќе од 20 години искуство во областа на ревизијата, советодавните и корпоративните финансии. Тој е овластен ревизор, сертифициран вештак и овластен проценител.

Има работено 4 години во Народната банка на Република Македонија, на проектот на УСАИД за развој на банкарскиот сектор (1 година), потоа повеќе од две години на проектот на УСАИД за унапредување на сметководството и ревизијата во Македонија. Во неговата професионална кариера е и двегодишното искуство како Извршен директор на Статер банка АД Куманово. Од 2000 година, па наваму работи на полето на ревизијата во БДО Македонија. Активно учествува на обуките на сметководителите и ревизорите за примена на МСС/ МСФИ и МСР во Македонија. Има земено учество и во неколку проекти за М&А, due diligence и ангажмани за реструктуирање.