• Програма

Програма

Програмата за КПУ на БДО е конципирана и целосно усогласена со Годишната програма за континуирано усовршување на ИСОС за 2017 година. Опфатени се бројни теми од предвидените области, со посебен акцент на новините и проблемите од пракса.

Презентациите се на Power Point и истите се проследени со примери од праксата. Онаму каде што е применливо зададени се вежби, прашања и задачи, а на крајот од предавањата е предвидено време за прашања и одговори и дискусија.

Програмата е структуирана да им овозможи на слушателите подеднакво време за предвидените теми и часови согласно годишната програма. Дневниот распоред на темите е идентичен за сите предавања, со тоа што темите се различни за секое предавање посебно. При подготовката на програмата се води сметка да нема повторување на исти теми за да им се овозможи на слушателите да ги постигнат бараните часови  а притоа да се запознаат со различни теми. Секој ден носи 8 признати часа од КПУ. Воедно секој може да одбере термин според темите од интерес за слушателот.