• Електронско следење на КПУ

Електронско следење на КПУ

Почитувани,

Со цел да се олесни следењето на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководителите и овластените сметководители и остварување на обврската за исполнување на минимално предвидените часови до крајот на годината, БДО пристапи кон воведување на електронско следење на КПУ (е-КПУ).

Нашата програма за електронско следење на КПУ e усогласена со структурата на годишната програма. Електронското следење e така организирано за да им се овозможи на слушателите да ги изберат потребниот број на часови од оние теми кои им недостасуваат. Согласно Годишната програма за КПУ за 2017 година, максималниот број на часови што ќе бидат признаени преку електронско следење на КПУ се 8 часа.

Доколку сте заинтересирани за следење на е-КПУ, Ве молиме пристапете кон е-КПУ платформата на линкот даден во продолжение:

е-КПУ Платформа

Детални инструкции за користење на е-КПУ платформата може да најдете во упатството дадено во прилог:

Упатство

Врз основа на член 4, став 2 од Тарифникот за висината на членарината и надоместоци, утврден од страна на ИСОС на ден 21.07.2016 година, цената за 1 е-КПУ час изнесува 750 МКД + 18% ДДВ.

Тарифник на ИСОС