• Континуирано професионално усовршување

Почитувани колеги,

Друштвото БДО доо Скопје, во соработка со Консалтинг Интер Груп Скопје, се стекна со акредитација за спроведување на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководителите и овластените сметководители во Република Македонија за 2017 година. Сите сметководители и овластени сметководители се обврзани согласно Законот за вршење на сметководствени работи да ги посетуваат обуките за КПУ, кои за 2017 година се предвидени на минимални 30 часа.

КПУ се спроведува во согласност со Годишната Програма на Институтот на сметководители и овластени сметководители - ИСОС. Во таа насока нашата програма е припремена и прилагодена на годишната програма на ИСОС и обезбедува сразмерна структура на часовите што ќе им бидат признати на слушателите.

Нашите предавања се конципирани преку обработка на актуелни теми со сеопфатни презентации на Power Point, како и примери од пракса, задачи и вежби и прашања и дускусија. Како предавачи ангажирани се искусни професионалци од областа на сметководството, даноците, корпоративносто право и другите области опфатени со програмата на ИСОС.

 

Events, Webinars + More