• Кариера

Кариера

Кариера во БДО Македонија

БДО Македонија нуди можност на вработување на млади и амбициозни луѓе. Ние бараме ревизори, финансиски консултанти, даночни консултанти и сметководители кои се неодамна димпломирани студенти или со претходно работно искуство. Нашиот процес на вработување е Вашата можност да ни кажете повеќе за себе, вашите цели и зошто сакате да работите во БДО Македонија.

На нашите луѓе им нудима исклучителна програма за обука и менторство, како и извонредни работни услови. Со нашата помош, членовите на тимот на БДО Македонија перманентно професионално се надоградуваат, со што им се пружа можност професионално да се развиваат и оспособуваат. Нашата посветеност почнува од нашиот менаџерски тим и понатаму продолжува кај сите останати вработени, бидејќи сите ние сме вклучени во Вашиот напредок. Ние нудиме програма за обука за секоја фаза од развојот на Вашата кариера.

Ние сме одлично место за работа и место каде што ги цениме нашите Вработени.

Нашата цел е да создадеме задоволни вработени кои ќе бидат мотивирани да напредуваат во своите кариери. Ние сме почитувани од другите, бидејќи имаме високо ниво на работна етика, каде што се справуваме со сите ситуации со интегритет и почит. Ние сме поддржувачи на разновидност, бидејќи веруваме дека образовната и културната позадина со разновидна работа и животно искуство може да придонесе за раст и развој на нашата компанијата.

Како да аплицираш?

Вашата апликација за работа може да се поднесе лично, по пошта или преку електронска пошта со референца “позиција – ревизор” или “позиција - сметководител” на следната адреса:  

БДО ДОО Скопје

11 Октомври 86/1-1

1000 Скопје, Македонија

е-пошта: careers@bdo.mk

Ние постојано прифаќаме нови апликации.