• Финансиски услуги

Финансиски услуги

БДО Македонија има тим од искусни професионалци за финансиски услуги кои имаат широко познавање на уникатните карактеристики и регулативи за финансиската индустрија, што ни овозможува да извршуваме ревизорски, даночни и консултантски услуги за широк спектар на финансиски институции, како банки, штедилници, брокерски куќи, осигурителни компании, инвестициски фондови итн.

 

Осигурување

Во турбулентно економско окружување, многу осигуреници бараат начини да го намалат ризикот во своето работење и да ги подобрат својата капитална позиција и профитабилност со цел да обезбедат соодветен принос, во согласност со прекумерната регулатива во Осигурителниот сектор, висината на трошоците и степенот на значајност. БДО ги разбира предизвиците со кои се соочуваат нашите клиенти во Осигурителниот сектор заедно со важноста на ефективното финансиско, оперативно и регулативно управување со ризикот, така што на нашите клиенти од овој сектор им обезбедуваме целосен опсег на ревизорски, даночни, советодавни и форензички услуги.