• Непрофитен сектор

Непрофитен сектор

Врска која значи

БДО ги разбира уникатните ревизорски, даночни и советодавни барања на непрофитниот сектор, кој произлегува од нашето долгогодишно искуство во секторот. Ние знаеме дека непрофитните организации се основани врз база на цврсти односи и врски. Вредноста која БДО ја споделува е препознатлива.

Нашите искусни тимови за  непрофитниот сектор соработуваат со Вас за дизајнирање на  економични пристапи за подобрување на оперативните перформанси, додека Вие одржувате силна посветеност на заедниците на кои им служите.

Ние посветуваме доволно време за целосно разбирање на Вашата организација, мисија и вредности и во комбинација со нашето длабинско познавање на проблемите со кои се соочува непрофитниот сектор придонесуваме за исполнување на докажаните резултати.

Нашите услуги се однесуваат, но не се ограничуваат на:

• Изработка на професионална пензиска шема

• Клучни деловни проблеми

• Даночни олеснувања и ослободувања

• Стратешко бизнис планирање

• Пакетни решенија за плата

• Идентификација на ризик во непрофитниот сектор

• ИТ стратегија и инфраструктура

• Имплементација на проектен менаџмент

• Усогласување со законодавното и финансиското известување

Ние разбираме дека поимот "не-профитни" опишува голем број различни типови на организации, вклучувајќи образовни институции, добротворни организации, здравствени, спортски организации и членски организации, ние нудиме совети кои ја одразуваат природата на Вашата организација заедно со Вашите уникатни потреби, предизвици и можности.