• БДО МАКЕДОНИЈА

БДО МАКЕДОНИЈА

БДО Македонија е основана како "Димитров Ревизија" ДОО Скопје во 1999 година. Таа е регистрирана според Законот за ревизија од 1997 година и е меѓу првите ревизорски фирми во земјата. Почнувајќи од април 2001 година "Димитров Ревизија" е прифатена како членка на Меѓународната група на ревизорски фирми DFK International од Лондон.

Од 2011 година, БДО Македонија е членка на БДО Глобал, петта најголема светска ревизорска и консултантска мрежа.

Нашиот бизнис е изграден на чврсти деловни односи. Се фокусираме на она што е важно за нашите клиенти. Ние сме одговорни и сигурни за одржување отворена комуникација.

Тимот на БДО Македонија го сочинуваат специјализирани професионалци од областа на ревизијата, сметководството и бизнис консултантството и се карактертизираат со длабоко разбирање и знаење за индустриите и прописите комбинирани со искуства во тие области.

БДО Македонија поседува повеќе лиценци издадени од државните органи и тоа:

  • Лиценца за ревизија
  • Лиценца за сметководство
  • Лиценца за проценки во следните области: капитал, недвижности, постојки и опрема, земјоделство итн.
  • Лиценца за судско вештачење

БДО Македонија е исто така квалификуван за извршување на ревизии на проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка.

Обезбедуваме целосна линија на услуги за различни видови на клиенти, од големите корпоративни организации до приватните бизниси, претприемачите и поединците.

Капитализирајќи ги своите ресурси и експертиза, бараме иновативни начини да им помогнеме на нашите клиенти да ги зголемат можностите за раст. БДО Македонија сака да стане Ваш вреден партнер со обезбедување на еднократни решенија за вашите сложени сметководствени, даночни и управувачки проблеми.