• За нас

За нас

БДО МАКЕДОНИЈА

БДО Македонија е основана како "Димитров Ревизија" ДОО Скопје во 1999 година. Таа е регистрирана според Законот за ревизија од 1997 година и е меѓу првите ревизорски фирми во земјата. Почнувајќи од април 2001 година "Димитров Ревизија" е прифатена како членка на Меѓународната група на ревизорски фирми DFK International од Лондон.

Од 2011 година, БДО Македонија е членка на БДО Глобал, петта најголема светска ревизорска и консултантска мрежа.

Нашиот бизнис е изграден на чврсти деловни односи. Се фокусираме на она што е важно за нашите клиенти. Ние сме одговорни и сигурни за одржување отворена комуникација.

Тимот на БДО Македонија го сочинуваат специјализирани професионалци од областа на ревизијата, сметководството и бизнис консултантството и се карактертизираат со длабоко разбирање и знаење за индустриите и прописите комбинирани со искуства во тие области.

БДО Македонија поседува повеќе лиценци издадени од државните органи и тоа:

  • Лиценца за ревизија
  • Лиценца за сметководство
  • Лиценца за проценки во следните области: капитал, недвижности, постојки и опрема, земјоделство итн.
  • Лиценца за судско вештачење

БДО Македонија е исто така квалификуван за извршување на ревизии на проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка.

Обезбедуваме целосна линија на услуги за различни видови на клиенти, од големите корпоративни организации до приватните бизниси, претприемачите и поединците.

Капитализирајќи ги своите ресурси и експертиза, бараме иновативни начини да им помогнеме на нашите клиенти да ги зголемат можностите за раст. БДО Македонија сака да стане Ваш вреден партнер со обезбедување на еднократни решенија за вашите сложени сметководствени, даночни и управувачки проблеми.

БДО Глобална мрежа

БДО е меѓународна мрежа на јавни сметководствени, даночни и консултантски фирми кои вршат професионални услуги под името БДО во 158 земји и територии. Мрежата на БДО се состои од над 68.000 лица кои работат на повеќе од 1.400 канцеларии низ целиот свет. Во БДО сме насочени кон пружање сеопфатни услуги и веќе долго време сме свесни за дека тие се темелот на нашиот успех.

Преку нашата мрежа на експрети, им нудиме на нашите клиенти широка финансиска и административна експертиза. Нашите земји-членки во други земји тесно соработуваат едни со други и се придржуваат кон доследни принципи на работа базирани на европските и светските практики. Нашата заедничка цел е да обезбедиме извонредна услуга за клиентите и инвестираме во блиски, долгорочни односи со клиентите. Сакаме да понудиме најдобра експертиза во нашето поле и длабинско секторско знаење за да им помогнеме на нашите клиенти да ги постигнат своите цели.